| четврток, 6 декември 2018 |

Идентификуван трупот што беше најден во Бутел

полиција

46 годишниот Зекир З. од Гостивар е човекот кој вчера попладне беше усмртен со неколку куршуми во паркот зад киното Бутел.

Од МВР соопштуваат дека Зекир имал неколку повреди во главата и телото, а на местото на убиството се пронајдени 5 чаури од огнено оружје кои се предадени на вештачење.

За сега се уште полицијата нема осомничен за убиството, а нејасно е и што барал гостиварецот во Скопје, како и мотивите за убиството.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top