За жал, односите со Македонија тргнуваат кон повисок степен на конфронтација што, според мене, е многу негативна тенденција, вели во интервју за Бугарското радио Димитар Бечев, директорот на Европскиот совет за надворешна политика, со седиште во Софија. Бечев се надева дека, сепак, ќе надвладее разумот и дека двете држави ќе се свртат кон продлабочена соработка.
Во врска со информациите дека македонската полиција неодамна уапси неколку лица што посредувале за добивање бугарски пасоши и дека тие поради нивното бугарско самосознание се наоѓаат под притисок и полициско насилство Бечев вели:
– Треба да се обрне внимание на аргументите на македонското МВР, според кои се работи за една мрежа што е поврзана со трговија со бугарски пасоши. Јас не исклучувам дека има притисок врз луѓето со бугарски чувства во Македонија, но, од друга страна, сосема е можно дека станува збор за криминална мрежа. Бугарија треба да ги следи овие процеси, но тоа не е причина да се употреби најгрубиот механизам и да се става вето на Македонија затоа што има и други механизми што се многу поефективни за да се надминат проблемите
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


