Египќаните во Македонија
-Со тоа, не е фиксно утврден бројот на пратеници, и ваквиот вид на Устав, како највисок правен акт, е своевидна демократска придобивка, која дава простор помалите етникуми, кои не се спомнати во Уставната Преамбула, легитимно да побараат да имаат свој преставник во законодавниот дом, по „клуч“ системот. Кога спомнувам за помалите етникуми, мислам на Египќаните, Црногорците и Хрватите. Ако , на овие етникуми, им се овозможи да имаат свој преставник во Законодавниот Дом, ке се демонстрира силната волја за одржување во живот, на мултиетничкиот карактер на државата, и подигнување на нивото на демократските вредности. Ние, Македонските Египкани, сме свесни дека сме пред портите за влез во Уставната Преамбула, свесни сме дека за нашата општествено политичка, културолошка, образовна, економска интегрирачка поставеност, солидно се запознати органите на ЕУ, ОБСЕ, и релевантните мегународни организаци, и затоа сметаме дека, евентуалното прифакање на ваквите легитимни барања, ќе наидат на поздравување од целиот демократски кампус, а најмногу би „карила“ Македонија – вели тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.