Триесетидеветгодишниот Марјан С. од селото Брзак загина во тешката сообраќајна несреќа што вчера околу 16 часот се случи на автопатот Куманово-Скопје, во близина на Агино село. Л.С.(38), сопругата на Марјан, е тешко повредена и е во животна опасност.
Полицијата информира дека Марјан го возел автомобилот „венто“ со кумановски регистарски таблички, ја изгубил контролата на возилото и излетал од патот. Возилото неколкупати се превртело и преминало на спротивната коловозна лента на автопатот и се судрило со друго возило кое се движело во спротивен правец, кон Куманово. Возачот на другото возило останал неповреден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тажно сведоштво: Поранешен пожарникар ги откри последните зборови на принцезата Дајана (галерија)
-
Тешка сообраќајка на патот кон Блаце (видео)
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Застрелан млад велосипедист на Алпите, мислеле дека е дивеч


