| четврток, 6 декември 2018 |

Крај на високите есенски температури

Оваа сабота ни носи претежно сончево време, со тоа што повторно на повисоките места ведрото време ќе трае од самиот почеток на денот, додека во дел од котлините можна е појава на слаба магла наутро. Викенд ќе го донесе и крајот на високите температури, необични за овој дел од годината. Според прогнозата на Метеопро неделното попладне ќе биде предзнак за времето кое ќе го имаме во текот на наредната недела.
Првата половина од неделата ќе биде врнежлива. Во јужните краеви од земјава се очекува овие врнежи од дожд да бидат позначителни. Облачно ќе се задржи и во втората половина од неделата, но со послаби и повремени врнежи од дожд. Температурниот максимум ќе биде во константно опаѓање, па од максималните 19°С во најтоплите региони во Македонија во понеделник, ќе дојдеме под границата од 15°С до крајот на неделата. Минималната темпратура ќе остане во позитивниот дел од целзиусовата скала преку цела недела. Првата половина од новата седмица покрај поврнежлива ќе биде и нешто поветровита со ветер претежно од југ, а во втората половина ветерот ќе биде претежно слаб и од северен правец.

Деталната прогноза погледнете ја на Метеопро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top