Барни Еклстон можеби е еден од најмоќните луѓе во светот, но дека и тој е само обичен човек покажа кога не успеа да се снајде со ротирачката врата во Уставниот суд во Лондон, па службениците го насочија кон споредниот влез.
Тој влезе низ ротирачката врата, сврте круг и се најде на истото место од каде што тргна.
Службениците на судот му помогнаа, а насобраните новинари и репортери се насмеаја. За да не покаже дека е збунет, тој застана на кратко и поразговара со нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.