Почна изградбата на внатрешната инфраструктура во Технолошко-индустриската развојна зона „Тетово“. „Нормак инвестмент груп“, норвешко-американскиот конзорциум кој на почетокот на годината беше избран да стопанисува со технолошко-индустриската зона, во јавно-приватно партнерство со Владата.
Оваа зона е дел од големиот проект на Владата за отворање вакви економски зони. Премиерот Никола Груевски на поставувањето на камен-темелникот истакна дека оваа зона е основана во 2010 година, но дека се доцнеше поради имотно-правните проблеми кои веќе се надминати. Оваа зона е прва во која се применува принципот на јавно-приватно партнерство – концесионерот да ја изгради внатрешната инфраструктура, додека државата е задолжена за надворешната инфраструктура и патен приклучок од автопатот Скопје – Тетово до зоната.
Главната обврска на партнерот ќе биде да привлекува странски инвестиции во зоната иако и Владата како партнер има обврска да им ја понуди тетовската зона како опција на странски инвеститори кои имаат интерес да инвестираат во Македонија .
– Ние ви стоиме на располагање како вистински партнери, а од вас бараме ТИРЗ „Тетово“ да ја направите како светските индустриски зони – им порача министерот за економија Ваљон Сараќини на присутните претставници од „Нормак конзорциумот“ од Норвешка. Тие, пак, порачаа дека нема да работат правилно или погрешно туку – норвешки.
Зоната има површина од над 90 хектари. Конзорциумот има обврска во првите три години да изгради 40% од зоната, а во наредните четири години останатите 60%. „Норман инвестмент груп“ ќе стопанисува со зоната во наредните 96 години, а за возврат на државата ќе ѝ дава надоместок за управување со земјиштето. Во нејзиниот развој конзорциумот треба да инвестира околу 19 милиони евра во внатрешната инфраструктура, царински терминал и во административна зграда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии