За време на судскиот спор во врска со старателството над децата на Чарли Шин и Брук Мулер, на Шин му била издадена забрана да ѝ се доближува и да ѝ се обраќа на неговата поранешна сопруга.
Шин нема да смее да ѝ се приближи на 400 метри на Мулер, ниту да ѝ се обраќа.
Глумецот оваа одлука на судот ја примил во негов стил и само му се заблагодарил на судијата.
Судот дојде до оваа одлука откако Чарли за нејзиниот роденден ѝ прати торта со нацртана бомба, а во судот ја нарекувал со разни имиња што дополнително го налутило судијата.
Судијата го предупреди глумецот дека би можел да заврши во затвор доколку прекрши некоја од забраните на кој било начин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.