| четврток, 6 декември 2018 |

Се омажи за посвоениот брат?!

Ќерката на покојната Витни Хјустон, Боби Кристина Браун, го изненади семејството кога се сврши со Ник Гордон, а сега наводно таа се омажила со него.

Кога Ник имал 12 години, бил посвоен од Витни и отсекогаш бил поврзан со Боби, а љубовта меѓу младите се родила по смртта на популарната пејачка.

Според пишувањата на американските медиуми, тие се венчале.

Ник и Боби пораснаа заедно како брат и сестра иако Витни никогаш легално не го посвоила, таа го пораснала како сопствено дете, па затоа и нивниот однос крена многу прав. Поради тоа, Кристина во едно интервју рече дека ѝ е доста да ги слуша луѓето што ѝ велат дека е во врска со нејзиниот брат.

– Мојата мајка никогаш не го посвои службено. Мојата мајка беше таа што знаеше дека ние еден ден ќе почнеме да излегуваме – рече Кристина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top