Компанијата „Џонсон Мети“ денеска ќе пушти во употреба нови производствени погони во фабриката за катализатори во Технолошко-индустриската развојна зона Скопје 1 – „Бунарџик“, инвестиција во износ од 60 милиони евра.
Со реализација на новата инвестиција вкупните вложувања на „Џонсон Мети“ во Македонија достигнуваат околу 120 милиони евра.
Во првата фабрика на англискиот инвеститор во Бунарџик се вработени 450 лица, а се најавува бројката да се искачи на 600 кога двете фабрики ќе работат со полн капацитет.
Раководстово на „Џонсон Мети“ очекува проширениот капацитет да им овозможи производство на 7,5 милиони катализатори на годишно ниво од двете фабрики.
Минатата година продажбата на производите од фабриката во Бунарџик на „Џонсон Мети“ изнесуваше 481 милион евра. Целото производство е намането за извоз, а компанијата е еден од најголемите извозници од Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.