| четврток, 6 декември 2018 |

Монструозен тајфун удри на Филипините со 300 км/ч

tajfun filipini

Разорен супертајфун проследен со обилни врнежи од дожд и ветер со брзина до 300 километри на час го погоди брегот на Филипите, јави Си Ен Ен.

Станува збор за најсилната бура годинава во Тихиот Океан, но метеоролозите го нарекоа и еден од најсилните циклони кои воопшто биле забележани на Земјата.

За сега нема официјални информации за жртви, а медиумите јавуваат за тројца загинати.

Ова е 25 тајфун годинава кој ги погоди Филипините.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top