| четврток, 6 декември 2018 |

Се судрија трамваи во Загреб – 11-мина се повредени

Во судир на трамваи што се случил претпладнето, околу 11 часот во Загреб, повредени се 11 луѓе, меѓу кои и возачот на едниот трамвај. Тој бил пренесен во болница во бессознание

Според сè уште неофицијалните информации, до несреќата дошло откако трамвајот што сообраќал на линија број седум со цела сила, без запирање се забил во средниот дел на друг трамвај. Истражните органи сè уште трагаат по причините за несреќата, но се сомневаат дека возачот на трамвајот со број седум бил во бессознание пред да се случи судирот. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top