И покрај тоа што економската криза го тресе светот, сѐ повеќе има милајардери. Во споредба со минатата година, бројот на милијардери е зголемен за о,5 проценти и сега тие се 2170. Нивното богатство им се зголемило за скромни 5,3 проценти.
Богатите стануваат побогати. Бројот на милијардери го достигна врвот во 2013 година, со најголем раст во Азија.
Најголем пораст е забележан во Азија со 18 нови милијардери во една година. Нивното богатство е зголемено за 13 проценти.
Северна Америка останува област во светот со најголем број милијардери, но ако Азија продолжи со ова темпо, во наредните пет години може да ја престигне Америка.
Од почетокот на глобалната финансиска криза во 2009 година, бројот на милијардери се зголеми за 810 нови.
Богатство на милијардери двојно е зголемено и сега изнесува вкупно 6,5 милијарди долари или 4,8 милијарди евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ако сте родени во знакот на лав, имате причина за радост: Најмногу милијардери се родени во овој хороскопски знак
-
Запознајте ги Тајлер и Камерон Винклвос, браќата кои станаа први милијардери во биткоин
-
Десет факти за милијардерите во светот
-
Нова шлаканица за Европската унија – Италија тоне, итно и требаат 40 милијарди евра