| четврток, 6 декември 2018 |

Овошје наместо смоки и мајонез во градинките

Detska_gradinka_

Да се воведе оброк од овошје и од зеленчук, а менијата да се со калориска и нутритивна вредност во согласност со возраста, стои во Предлог-националната стратегија, анализира Телеграф.мк

Храната во градинките и во училиштата ќе се менува, најверојатно од следната година. Ќе има повеќе овошје и зеленчук и балансиран начин на исхрана. Менијата ќе ги составуваат нутриционисти. Ќе биде вклучен и тим на родители, кој треба да ги каже забелешките од сегашниот начин на исхрана на децата.

Се очекува измените да бидат воведени од септември, на почетокот од новата учебна година.

Тоа го предвидува Националната програма за здрава и правилна исхрана на децата, која е во фаза на предлог, но се очекува многу брзо да биде усвоена на владина седница. Целта е да се подигне свеста за значењето на здравата и правилна исхрана на децата и да се создадат навики за здрава и квалитетна храна во градинките и во основните училишта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top