| четврток, 6 декември 2018 |

Поголем дел од младите сакаат да работат во државна администрација

Дури 48% од младите во Македонија сакаат да работат во државна администрација. Во анкетата која ја спровел сајтот http://www.fakulteti.mk/ на прашањето”Во која македонска компанија би сакале да работите?” одговориле речиси 3.000 лица, додека на прашањето дали би сакале да работите во приватна компанија или во државна администрација одговорите биле поделени. Речиси половината од анкетираните, односно 48% сакаат да работат во државна администрација, наспроти 52% кои сакаат да работат во приватни компании. Листата е составена од 200 најуспешни компании во Македонија за 2012-та година.

Анкетата е спроведена на порталот Факултети.мк во период од 26-ти октомври до 5-ти ноември, а резултатите се следни:

T-mobile 11%
Алкалиод 10%
Т-home 7%
Пивара Скопје 5%
Мепсо 5%
Макпетрол 5%
Електрани на Македонија 5%
Комерцијална Банка 4%
НЛБ Тутунска Банка 4%
Џонсон Контролс 4%
Џонсон Мети 3%
Систина 3%
Стопанска Банка 3%
Нетцетера 2%
Microsоft 2%
VIP 2%

Фершпед 2%

Лукоил 2%

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top