| четврток, 6 декември 2018 |

Земјотрес во Црна Гора и Босна

Земјотрес со интензитет од 3.9 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во реонот на границата меѓу Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Како што соопшти Сеизмолошкиот институт на Црна Гора, епицентарот на земјотресот бил на 11 километри под површината на земјата.

Нема информации за жртви и евентуални материјални штети при потресот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top