| четврток, 6 декември 2018 |

Кривична пријава за директорката на градинката во која беа затруени деца

Државниот санитарен здравствен инспекторат ќе поднесе кривична пријава за директорката на детската градинка „Сончоглед“ во населбата Автокоманда откако дојде до труење на 12 деца со фекална бактерија и салмонела.

Засега не се примени нови деца на Клиниката за инфективни болести, а веќе е направена дезинфекција на кујната и на просториите во градинката во Автокоманда.

По извршената дезинфекција, кујната е затворена со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top