| четврток, 6 декември 2018 |

Млад покераш заработи 8,4 милиони долари

23-годишниот Рајан Рис победи на најзначајниот турнир по покер на Светската покер серија и освои 8,4 милиони евра.

Рис во драматични три и пол часа игра го победи Џеј Фербер, а на прашањето како може еден толку млад играч да има толку многу самодоверба, Рис рече:

– Мислам дека сум најдобриот играч во светот.

Рис е професионален играч на покер кој живее во Лас Вегас, додека пак Фербер работи како промотор во еден клуб, а покер игра од хоби. Тој рече дека ќе продолжи да ја работи таа работа иако заработи 5,2 милиони како второпласиран.

Светската покер серија почна да се игра во јули, а на неа учествуваа 6.352 играчи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top