
Двајца возачи на приватни автобуси во Скопје вчера попладне предизвикале сериозен инцидент на булеварот Партизански одреди, поради кој морале да интервенираат пет полициски возила. Патникот кој пријавил во полиција потоа добил закани по живот.
Инцидентот се случил вчера околу 15.40 часо спорти средното училиште “Здравко Цветковски-ГУЦ” откако најпрво било избегната сообраќајка меѓу приватни автобуси со број 22 и 12.
Како што пишува Вечер, до несреќата дошло откако автобусот со број 12 влегол во третата лента од улицата, каде возел и автобусот со број 22, по што автобусот кој бил на третата лента, за да избегне сообраќајка летнал од улицата и се качил на тротоарот.
По избегнувањето на несреќата, револтираниот возач на приватната 22-ка со железен клуч му се заканувал на возачот на другиот автобус, по што другиот возач исто така извадил метален предмет.
Возачот од приватната 22-ка влегол во 12-ката и го нападнал возачот, а она на што биле сведоци патниците било крв и искината облека од двата возачи.
Случајот бил пријавен во полиција, по што веднаш беше интервенирано со 5 возила на МВР. Но тука не завршила оваа голгота.
Веднаш откако лицето кое се јавило во полиција се качило во друг автобус, по него се качил и револтиран дечко, по што патникот се обидел и физички да се пресмета со него, но не успеал поради огромниот број на патници, па целиот случај останал на закани по животот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


