Mеѓу учесниците на њујоршкиот маратон годинава беше и Памела Андерсон. Легендарната „спасителка“ на овој начин уште еднаш се најде во улогата во која во текот на 90-тите години ја гледавме на малите екрани – како трча – но овој пат тоа го направи без црвениот костим за капење и во хуманитарни цели. Станува збор за напорна трка, која 46-годишната актерка првпат ја истрча, а тоа го направила во друштво на својот брат Гери.

– Толку сум горда на својот брат Гери. Ти благодарам Џи што денеска трчаше со мене, напиша Памела на Твитер.
Веднаш потоа одлучила и да се пошегува па ги објавила фотографиите на кои прикажува како врз неа влијаеле петте часа и 41 минута трчање, колку што и биле потребни за да го истрча 42 километри долгиот маратон, позирајќи во кревет со вреќички мраз на болните места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


