„Разговорите со македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски беа спроведени во конструктивен дух“, се вели со официјалното сооштение на бугарското Министерство за надворешни работи.
Средбата на шефот на бугарската дипломатија Николај Младенов со Попоски се случи во петокот попладне во Минхен за време на Конференцијата за безбедност на која учестуваат 400 претставници на држави и влади како и други претставници на бизнис, безбедносни и невладини организации.
“Двајцата министри разговарале за тековните преговори за потпишување на договор за добрососедски односи“ се вели во соопштението.
Средбата во Минхен се случува еден месец откако Бугарија и се придружи на Грција во блокирање на Македонија која во Брисел очекуваше добивање на датум за преговори за членство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


