| четврток, 6 декември 2018 |

Успешни Македонци-Прирачникот за информатика на Вангел Крстевски се продава низ цел свет

Ме најдоа преку мејл, правеле истражување на Линкдин, барале професионалци што имаат познавање од Хајпер-ви реплика (Hyper-V Replica), сум стасал на нивната топ листа и така станав автор на овој прирачник, кој денес се продава преку „Амазон“, ја раскажува својата приказна 25-годишниот Вангел Крстевски за тоа како станал автор на една стручна книга што се продава во целиот свет, објави порталот „МКД.мк“

mkd-85640

Вангел Крстевски како дипломиран информатичар на Природноматематичкиот факултет во Скопје брзо наоѓа работа во Ре-актив.

„Уште од факултетските денови ме интересираа мрежите и мрежните технологии. Ре-Актив е македонска фирма за изработка на софтвер и нудење на консултантски услуги и тука ми беше овозможено да го работам тоа што отсекогаш сакав да го работам – имплементација, одржување и планирање на системот и мрежата на една компанија“, вели Крстевски.

Во јуни годинава добил покана од издавачката куќа од Бирмингем, Англија „Packt Publishing“, која се занимава со издавање книги и прирачници од областа на информатиката. Издавачката куќа направила истражување дека на неколку веб-сајтови со огласи за работа имало голем број отворени работни места за ИТ професионалци кои имаат познавање од Хајпер-ви реплика. Тоа е една нова технологија на Mајкрософт, која доаѓа исклучиво со Виндоус сервер 2012 (Windows Server 2012).

„Ми понудија да изработам прирачник за примена на оваа технологија која им овозможува на компаниите да го подобрат бизнис континуитетот, како и политиката на справување со катастрофи. Тоа подразбира начин на кој бизнисот нема да има застој во работата во случај на некакви природни или какви било други катастрофи, на пример земјотрес, пожар… Темата е многу атрактивна бидејќи овозможува брза конфигурација, а во исто време и лесно одржување на истата од страна на ИТ одделението во компанијата. Најпрво од мене беше побарано да направам предлог содржина со теми кои сметав дека треба да бидат вклучени во прирачникот“, се обиде Крстевски наједноставно да ја објасни содржината на неговиот прирачник.

Тој до координаторот на проектот го испратил неговиот предлог за концепт на прирачникот и подоцна во договор со проектниот менаџер само ги дефинираа роковите за изработка на одделните глави на прирачникот, како и рокови за коригирање и адаптација на содржината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top