| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал на изборот на Мис универзум

Иако останаа уште само неколку дена до финалето на „Мис Универзум“, на интернет се појави список на пласманот на финалистките.

Елена Семиника, една од судиите на претстојниот натпревар, наводно, случајно на својот профил на „Инстаграм“ објавила фотографија од списокот на кој се наоѓаат победничките на претстојното натпреварување.

На фотографијата можат да се видат резултатите кои дамите, наводно, ги постигнале, и тоа во сите категории во кои ќе се
натпреваруваат.

По објавувањето на списокот, главниот фаворит е Велика Британија, а на второто место се наоѓа Шпанија. Интересно е тоа што
Британката Ејми Вилертон до овој момент не беше ни во првите 10.

И претходно се има случувано да се појават вакви списоци во јавноста, но ова првпат „излезе“ од една од главните судии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top