| четврток, 6 декември 2018 |

Романтичната вечер во Градски парк им завршила како хорор

Неколку непознати лица синоќа нападнале млад пар во скопскиот Градски парк.

Инцидентот се случил синоќа околу 20:30 часот кога 23-годишниот охриѓанец П.Ш. и неговата 19-годишна девојка М.А. од Скопје биле физички нападнати.

Непознатите лица им нанеле видливи повреди, а потоа ги ограбиле одземајќи им два мобилни телефони, документи и 200 денари.

Се преземаат мерки за откривање на сторителите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top