| четврток, 6 декември 2018 |

Поевтино скијање на Маврово

Поради намалувањето на интересот кај туристите, во Маврово доаѓаат нови, пониски цени. Намалени се цените на пансионските услуги во неколку сместувачки капацитети, како и ски-картите за скијачките терени, објавува Утрински весник.

Хотелот “Макпетрол” сега нуди шестдневен аранжман со полупансион за само 99 евра, додека ски – билетите на “Заре Лазаревски” сега се намалени за 25%. Сега, наместо 1.100 денари за ски-билет, туристите ќе даваат 900 денари, а за децата ќе плаќаат 600 денари- Седумдневната карта од 6.000 денари, сега ќе чини 4.400, додека за децата е намалена на 3.000 денари, објавува весникот.

На скијачките терени на Бистра има доволно снег, ски-патеките се во одлична форма, а туристите уживаат и во сончевото време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top