| четврток, 6 декември 2018 |

Животните навики на милионерите

Нивните навики и модели на однесување им помогнале да станат едни од најбогатите луѓе на светот. Ви ги претставуваме заедничките навики на богатите, можеби некоја од нив ќе ви помогне и вие да стигнете до некое милионче.

– Поставуваат цели

Луѓето не стануваат богати случајно, тие првенствено поставуваат цели, кои ги водат кон тоа да бидат богати. На крај тие само ги остваруваат своите цели.

– Се фокусираат само на една работа

Богатите луѓе си поставуваат навидум недостижни цели пред себе, но додека постојано ја имаат таа цел во умот, целосно им се посветуваат на работите што моментно ги работат и се фокусираат на нив. Сите овие, навидум обични работи, всушност ги водат кон постигнување на примарната цел.

– Го почитуваат времето

Со оглед на тоа што брзо размислуваат и многу работат, овие луѓе немаат време за губење. Тие многу го ценат времето, а кога го трошат за тривијални работи, имаат грижа на совест. Затоа ретко ќе најдете богат човек бесцелно да талка на интернет, или постојано менува ТВ канали без некоја посебна цел.

– Трошат помалку отколку што заработуваат

Проблемот кај луѓето што никако не можат да заштедат е тоа што нивните трошоци редовно ги следат нивните приходи, па ако приходите се зголемат, се зголемуваат и нивните трошоци. Луѓето што станале и остануваат богати, никогаш не ги трошат своите приходи до крај. Повелете и обидете се и вие да заштедите по 10 проценти од заработката секој месец, но не штедете откако ќе потрошите пари за сето тоа што сте го посакувале, туку прво одвојте пари за штедење, а потоа потрошете го остатокот.

– Напорно работат

Без оглед на тоа дали го здобиле богатството или го наследиле, богатите луѓе вредно и понапорно работат за негово зголемување и зачувување. Тие со кои тоа не е случај, ретко остануваат богати.

– Постојано учат и работат

Меѓу богатите важи правилото – колку повеќе знаеш, толку повеќе заработуваш, а моќта на учењето е еднаква на моќта на заработување.

– Се движат во богати кругови

Богатите луѓе немаат сиромашни пријатели, а тие што се дружат со богати, или со тие што потенцијално ќе станат богати, и самите еден ден ќе имаат голем имот.

– Упорни се

Богатите луѓе, едноставно, не се откажуваат. Тие, можеби, не доаѓаат до својот имот на начин на кој првично замислиле, но по сите падови успеваат да се подигнат и на крај да го пронајдат вистинскиот пат до своето богатство.

– Го пресметуваат ризикот

На богатите луѓе воопшто не им е непознат ризикот, а кога ќе се решат да дојдат до нешто, ќе направат сè за да го направат тоа, па дури тоа да подразбира и огромни ризици. Тие знаат колку ќе ги чини одредена одлука и затоа подготвени да не ги вложуваат сите надежи во една работа.

– Великодушни се

Колку и да звучи ова контрадикторно, ако прочитате за животот на некои од најбогатите луѓе на денешнината, ќе сфатите дека тие се, всушност, големи филантропи. Списокот на овие луѓе е долг, а некои од нив се Рокфелер, Ендрју Карнеги, Бил Гејтс, Роберт Киосаки… итн.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top