| четврток, 6 декември 2018 |

Прва победа на Рајковиќ, Работнички останува во Купот

Повеќекратниот првак и освојувач на македонскиот кошаркарски куп го декласира Апаве со 77-56, а во четвртфиналето оди и Вардар по победата со Пелистер од 74-59

Работнички го разнесе второлигашот Апаве со 77-56 и ги надополни петте негатива од првиот осминафиналет меч (70-75), со што си обезбеди учество на завршниот турнир од купот. Опасноста екипата од Градскиот парк за прв пат да отсуствува од последниот турнир од купот ги натера црвено белите да одиграат силно во текот на сите 40 минути што резултираше со постојано водство и повеќе од доволен триумф за пласман на турнирот FINAL EIGHT.

Таму ќе има место и за Вардар кој по битолските 69-69 во скопскиот реванш беше далеку подобар за победа од 74-59.

Последниот патник за четвртфиналето ќе го даде мечот меѓу Струмица и Карпош Соколи (60-62), а според пласманот таму се и екипите на МЗТ Скопје, Фени Индустри, Лирија, Куманово и Кожув.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top