| четврток, 6 декември 2018 |

Трудната Гавазова желна за кисели краставички и чоколадо

suze gavazova

– Имам убава бременост. Активна сум и немам проблем со движењето. Јадам многу овошје и зеленчук, а во последно време слабост ми се чоколадите и киселите краставички – изјави пејачката за „Вечер“.

Познатата македонска фолкерка, Сузана Гавазова е во петтиот месец од бременоста. Таа во моментов престојува во Шведска, каде што заедно со идниот сопруг Јасмин го очекуваат раѓањето на нивното прво дете, кое на свет треба да дојде некаде во март.

– Сѐ уште не го знаеме полот на детето. Тука во Шведска со закон се забранети таквите иформации, така што тешко дека ќе го дознаеме тоа. Добро се чувствувам и сум среќна овде кај Јасмин. Многу ми е убаво – открива таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top