Многумина беа изненадени кога претседателот изјави за „Д Њу Рипаблик“ дека пука во глинени цели секогаш кога се наоѓа во воената база Кемп Дејвид.
Два дена пред првото патување на претседателот Барак Обама надвор од Вашингтон од почетокот на неговиот втор мандат, за да ги промовира предлозите за контрола на оружјето, Белата куќа се обиде да заплете мистерија кога објави фотографија со која ги потврди трвдењата дека претседателот е вешт стрелец на глинени гулаби.
Обама ја оставил јавноста збунета кога во интервју за магазинот „Д Њу Рипаблик“ одговорил потврдно на прашањето дали некогаш пукал со пушка. Признанието било изненадување за многумина.
„Да, всушност, секогаш кога сме во Кемп Дејвид пукаме во глинени гулаби“, рекол Обама во интервјуто објавено минатата недела.
Малкумина паметат дали Обама кога и да е зборувал за пукање со оружје или за стралање во глинени гулаби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


