Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и воедно шеф на партискиот центар за комуникации Илија Димовски на собраниска комисија ќе донесе новинари кои ќе сведочат дека одредени нивни колеги земаат пари за да ја срушат власта, јави известувачот на Нова ТВ.
Димовски ваквиот потег го најави на седницата на Собраниската комисија за политички систем за да докаже дека Македонија нема проблем со медиумската слобода како што тврди опозицијата, но и заклучуваат релевантните меѓународни институции, како на пример Европска комисија.
-Во Република Македонија постојат медиуми што добиваат пари за да ја срушат власта, има новинари што го зборуваат тоа. Добро е да викнеме тука сведоци и да зборуваме за тоа кои се изворите на тие пари, како се трансферираат. Значи тие не земале пари за да пишуваат слободно и независно, туку за да ја срушат власта – рекол Димовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.