Франциско Коста, креативниот директор на куќата на Келвин Клајн, е познат по неговата љубов кон чисти линии и женствени силуети. На почетокот на деведесеттите години , тој работел и за Оскар де ла Рента, од кого научил како да се создаде гламур и возвишеност во женската гардероба.
Денес, во неговите креации се облекуваат Џенифер Лоренс , Кејти Холмс и многу други ѕвезди , а тој особено ја цени Руни Мара.
За модното списание „Гламур“ тој ги откри своите три основни правила на облекување :
1. Самодоверба
– Откријте кој е најдобриот дел на вашето тело , нагласете го и носете ја вашата облека со гордост.
2. Мал црн фустан
– Клучот на доброто облекување е во црна облека. Секоја жена треба да има најмалку три добри црни фустани.
3. Рамни чевли
Можеби сте изненадени од ова, но познатиот дизајнер верува дека жените се најелегантни во рамни чевли.
– Ниту една жена не смее да си дозволи да нема барем еден чифт црни балет-чевли – вели Коста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ивана Кнез: Време е на модата да и го вратиме достоинството
-
Ова никогаш никому не му го кажувајте: Ако сакате напредок еве што не смеете да им кажувате на луѓето!
-
Која љубовна лекција мораш да ја научиш во 2018 година според твојот хороскопски знак?
-
Дизајнерката Ивана Кнез најавува ново модно поглавје