Државен секретар на САД, Џон Кери, изјави дека американските разузнавачки служби некогаш „одат предалеку“ во шпионирањето.
Кери на конференцијата во Лондон, на која учествуваше преку видеоврска, истакна дека шпионирањето е неопходно во борбата со тероризмот додавајќи дека е неопходна контрола.
Кери тврди дека шпионажата на електронската комуникација спречила соборување на авиони, поставување експлозиви во згради и убиства на луѓе.
– Во некои случаи, признавам, како што признава и претседателот Барак Обама, дека службите отишле предалеку, но можам да ве уверам дека тоа нема да се случи во иднина – посочи Кери.
Тој наведе дека Обама целосно ќе ги разгледа програмите за следење за да не се дозволи нивна злоупотреба.
Кери ги негираше и наводите дека американската Агенција за национална безбедност (НСА) прислушувала околу 70 милиони луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.