Дваесет и едногодишниот Стефан Ѓуревски од Скопје, кој целото свое детство го поминал во борба со тешката болест, сега води битка и со времето. Здравствената стостојба на младото момче сѐ повеќе се влошува, а единствен спас гледа во лекарскиот третман во Кина кој чини многу повеќе отколку што има неговото семејство. Момчето оди во Кина за десет дена затоа што му се потребни средства што е можно побргу. Оттаму очекува дека ќе се врати со подобро здравје и дека ќе може повторно да оди.
Ова е апелот на Стефан и начинот на кој може да му помогне секој хуман човек:
Jас сум Стефан Ѓуревски. Имам 21 година и живеам во Скопје. Оваа странива на „Фејсбук“ е создадена за мене, како апел за помош бидејќи немам сопствен профил на „Фејсбук“. Немам бидејќи не можам да пишувам. Мојата дијагноза е прогресивна мускулна дистрофија. Со тек на годините ми откажаа нозете и рацете. Лек немаше. Сега ми откажуваат и мускулите на срцето, белите дробови и бубрезите. Лек ИМА во Пекинг, но моите родители не можат да ги обезбедат потребните 29.000 долари.
Ви благодарам што ќе ми го продолжите животот и ќе донирате по 100 денари вртејќи на броевите
Vip 077 143 413,
One 075-143-150 или
T-mobile 070-143-116
или ќе уплатите средства на:
Стефан Ѓуревски
Жиро сметка: 210700000609296
Депонент: НЛБ Тутунска банка
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.