Пекинг со сите сили се труди да го поправи својот имиџ по серија скандали поврзани со корупција. Но, во тие напори се прават и грешки. На пример, како фотографијата на четворица политичари кои посетиле 103 годишна старица во нејзиниот дом. Под слликата пишувало „Љубовта и грижата за старите е кинеска традиција која ја негуваме“. Но нивната топлина и грижа ги удрила по глава заради грозната фотмонтажа на која старицата личи на кукла.
Негативните коментари на кинеската јавност се насочени кон екипата за пропаганда за кои се вели дека „немаат мозок и дека веројатно ќе останат без работа, исто како и политичарите“.
Дури и медиумите реагирале на оваа фотографија, а од владата посочиле дека грешката е заради распоредот во собата кој не дозволувал да се сликаат сите заедно.
И претходно се пуштани лошо обработени фотографии од политичари кои потоа служе за потсмев 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


