Приемот на Хрватска во Европската унија покажува дека процесот на проширување не застанува, ниту забавува. Исто така, ова го нагласува кредибилитетот на политиката за проширување, според кој земјите се придружуваат штом ги исполнат потребните критериуми, нагласува актуелното литванското претседателство со ЕУ, пренесува Телеграф.
„Процесот на проширување е успешна приказна на ЕУ, изразена преку неодамнешното добивање на Нобеловата награда за мир. Како и да е, ако сакаме да бидеме сериозни и реални не треба нереално да сликаме розова слика. … Напредокот е можен таму каде што постои политичка волја за тоа фокусот да биде ставен на реформите, а ЕУ-агендата да се смета за национален приоритет. Ние сите сме свесни за фактот дека не секаде во регионот и не во сите области, реформите се движат со посакуваната брзина. Треба да се направи многу повеќе, но ова не треба да го обесхрабрува процесот на проширување, кој има голема моќ за трансформација. Заканата не е процесот за проширување, туку заморот за реформи“, се наведува во текстот од Вилнус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


