Кинеската полиција ги зајакна мерките за безбедност во Пекинг и во западниот Автономен Ујгурски Регион Сингјанг, по инцидентот на пекиншкиот плоштад Тјенанмен во понеделникот, кога џип удри во камениот мост пред Забранетиот град и потоа експлодира, пренесе МИА.
При овој инцидентот загинаа пет лица, а околу 40 беа ранети.
Весникот на англиски јазик „Глоуб тајмс“ го оцени инцидентот како „чувствителна промена во терористичките активности во Кина“, а „Чајна дејли“ го нарече „најново злосторство на екстремистите“, истакнувајќи дека „теороризмот се обидува да го погоди срцето на нацијата“.
Во главниот град на Синкјанг, Урумчи зголемени се проверките на пешаците и патниците во автомобилите, а по улиците има повеќе полицајци од вообичаеното.
Зајакнувањето на безбедноста го опфати и вообичаено мирниот тибетски регион во југозападната провинција Сечуан.
Властите во регионот ги повикаа граѓаните да бидат внимателни за евентуални напади организирани од Тибеќани. На претседателите на селските општини им било наредено да состават списоци на сите превозни средства и нивните возачи и тие биле предупредени за претстојното поставување на контролни пунктови за автомобилите.
Според полицијата зад нападот на Тјенанмен стојат „радикални ујгурски елементи“, кои со години водат борба против кинеските власти во Синкјанг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


