Најмалку 24 луѓе загинаа во дводневните судири во северниот дел на Јемен меѓу шиитските бунтовници од групата „Хути“ и припадници на сунитската салафитска група.
Повеќе од сто лица се повредени во борбите во планинскиот град Дамаџ, кој неколку недели е под опсада на бунтовниците од „Хути“.
Најголем број луѓе настрадале откако напаѓачите истрелале ракети врз џамија и врз верско училиште.
Дамаџ се наоѓа во близина на градот Сада, кој е под контрола на групата „Хути“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


