| четврток, 6 декември 2018 |

Сириското хемиско оружје е запечатено

un sirijaМеѓународниот тим инспектори за контрола на хемиското оружје во Сирија ја запечати комплетната залиха на сирискиот хемиски арсенал и хемиските агенси од над 1.000 тони, соопшти денеска Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОЗХО).
– Комплетните залихи на хемиското оружје и агенси се изолирани, така што е невозможно да се дојде до нив, соопштија од ОЗХО од каде се додава дека печатите не можат да се фалсификуваат.
– Вкупно има 1.000 тони хемиски агенси, кои можат да се користат за правење хемиско оружје, и 290 тони хемиско оружје, рече Картие.
Претходно, ОЗХО соопшти во документ дека Сирија ги исполнила ангажманите за уништување на целата опрема за производство на хемиско оружје. – На тој начин Дамаск го испочитува крајниот рок во амбициозната програма за разоружување, се наведува во документот.
Следната етапа ќе почне на 15 ноември, кога извршниот совет на ОЗХО ќе усвои детален план за уништување на сирискиот хемиски арсенал. Инспекторите на ОЗХО, со седиште во Холандија, имаат рок да ги уништат сите залихи на хемиското оружје во Сирија до средината на 2014 година, во согласност со резолуцијата на Советот за безбедност на ОН.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top