| четврток, 6 декември 2018 |

Сали Бериша – почесен граѓанин на Дебар

berisaСоветот на Oпштина Дебар одлучи поранешниот претседател на Албанија, експремиер и лидер на Демократската партија на Албанија, Сали Бериша, да биде прогласен за почесен граѓанин на Дебар, пренесува МИА. Одлуката, по предлог на градоначалникот Ружди Љата, е донесена едногласно, односно за неа гласаа сите петнаесет советници, од ДУИ, ДПА, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ,ТДП и еден независен кандидат. Во образложението на одлуката стои дека ова признание му се доделува за „посебни заслуги и придонес во обединувањето на дебарската крв“, односно за запознавање роднини од двете страни на границата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top