| четврток, 6 декември 2018 |

Нуклеарката Козлодуј во Бугарија се шири

Логично е да се изгради седми реактор во Козлодуј по референдумот, најавува Софија

Бугарија логично ќе доизгради седми реактор на постоечката нуклеарна електрана Козлодуј, најави бугарскиот министер за економија Делијан Добрев, по референдумот за втора нуклеарна централа. На референдумот излегоа само 22 проценти од гласачите, а 61 процент беа за градење на капацитетот Белене. Според најавите од Бугарија, оваа година ќе се прават претпроектните истражувања.

Бугарскиот министер за економија Делијан Добрев

Бугарскиот министер за економија Делијан Добрев

Проценките се дека изградба на нов реактор и поправката на шестиот реактор во Козлодуј ќе чинат милијарда евра помалку затоа што веќе постои одредена инфраструктура, отколку да се гради втората нуклеарка. Во „Козлодуј” од шест, само два реактори работат, а првите четири пред влезот во ЕУ се затворени од безбедносни причини.

„Нуклеарката и во иднина ќе биде превентивен фактор против поскапување на струјата, затоа што произведува најевтина електрична енергија на еколошки начин. Да не продаваме струја на домашниот пазар, енергијата во Бугарија би била поскапа за 13 до 24 отсто”, вели директорот на нуклеарната електрана, Валентин Николов.

Според него, единствената атомска електрана во Бугарија е меѓу десетте најбезбедни во светот. И ЕК смета дека петтиот и шестиот реактор со јачина од 1.000 мегавати не се безбедносен проблем. Дозволите им истекуваат 2017, односно 2019 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top