Откако стапив на должноста претседател, на меѓународната сцена за Србија никој не зборува лошо, Србија повеќе не заостанува во поглед на светската заедница и нема непријатели низ светот, изјави претседателот на Србија, Томислав Николиќ, во интервју за „Гласот на Русија“.
Според него, Србија годинава напредувала политички, ги отворила затворените врати од минатото и ги развила старите пријателства.
Николиќ истакна дека е апсолутно задоволен од начинот на кој Србија е претставена во светот откако тој ја врши функцијата претседател.
– Економски, ние сме дел од светската заедница. Големите сили ја предизвикаа светската криза од која ќе се извлечиме на некој начин, а нам малите ни останува да ги трпиме последиците од она на кое не сме влијаеле – вели Николиќ.
Затоа, објаснува српскиот претседател, неговата земја западнала во долгови, но и дека сега гради нова фолозофија за економијата, а тоа е повеќе да не земаат кредити, да одат во стратешко партнерство, во концесија и на потполно различен начин да ја обноват српската економија.
Како што нагласува во интервјуто, Србија ги интензивирала односите со Русија, Кина, Емиратите и Африка, а во овој момент Европа е единствениот континент кој заостанува во развојот на економијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.