САД шпионираат странски лидер за да ги сфатат нивните намери, како што и другите влади ги шпионираат американските официјални лица, изјави 72 годишниот Џејмс Клапер, директор на американската Национална разузнавчка служба пред Конгресот.
– Намерите на светските лидер, во која и да било форма се изразени, се едни од основните информации кои ги собираме и анализираме. Непроценливо е знањето за ставовите на челниците на земјите, која им е политиката и какви последици ќе има по многу работи, рекол Клапер и додал дека американската програма за прислушкување е понапредна и поразвиена од оние што ги спроведуваат другите земји.
Тој истакнал дека САД немаат намера да престанат да ги следат информациите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.