| четврток, 6 декември 2018 |

И утре сонце, но малку посвежо време

esen

И утре не очекува сончев ден. Сепак за последниот ден од октомври се најавува малку посвежо време. според прогнозата на Метеопро ќе дува слаб ветар од северен правец. Токму северното струење ќе ни донесе нешто постуден воздух во нашите краишта. Иако денеска не очекуваме да ја надминеме границата од 25°С како во претходните денови, сепак ќе имаме релативно топло време. Максималната температура во Македонија ќе биде во границите помеѓу 21°С и 24°С. Во повисоките населени места во западниот регион од земјава максималната ќе достигне вредност до 19°С.

Во Скопскиот регион ќе имаме сосема мала облачност и многу повеќе сонце. Ветерот ќе биде слаб и од северен правец. Максималната температура ќе достигне 21°С.

Деталната прогноза видете ја на Метеопро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top