| четврток, 6 декември 2018 |

Деспотовски го демантира Дехари: Градоначалникот манипулира со чувствата на кичевци

Despotoski blagoja

Никогаш не сум бил, ниту ќе бидам за преименување на улицата „Душан Јовески“ бидејќи тој освен што е народен херој, потекнува од истото село, село Јагол, од каде потекнувам и јас. Неговата личност, дело и заслуги за населението и за мене се огромни. Да посочам дека советничката група на „Кичевчани за Кичево“ во Советот на Општина Кичево гласаше против овој манипулативен предлог, вели поранешниот градоначалник на Кичево, Благоја Деспотовски, во демантот на изјавата на секретарот на општината Рамиз Реџепи во која то тврди дека актуелниот градоначалник на градот, Фатмир Дехари ја преименувал улицата поради „аманетот“ кој му го оставил Деспотовски.

– Доколку администрацијата на денешниот градоначалник Фатмир Дехари и претседателот на советот, Ќамил Алиу продолжат да манипулираат со чувствата на кичевчани, пред се на Турците и Ромите ќе ги потсетам дека новоизградениот мост во населбата Чифлик не сакаа да го именуваме „Мост на македонско-турското пријателство“. Тој мост секако им служи на сите и го користат сите граѓани. За време на мојот мандат ги воведовме паралелките на турски наставен јазик во гимназијата „Мирко Милески“ за да може турското население да учи на својот мајчин јазик. За време на мојот мандат се изградија над 130 улици во сите делови од градот. Нив и ден денес ги користат сите граѓани. Особено би ги издвоил улиците и канализацијата изградени во населбите каде живее ромско население. Овие и многу други инфраструктурни проекти кои се од корист во секојдневниот живот на кичевчани беа иницирани и изградени за време на мојот мандат.

Во својата реакција, Деспотовски вели дека градоначалникот Фатмир Дехари и неговите соработници не се искрени и манипулираат со чувствата на граѓаните.

–       Доколку е искрен во неговите намери, нека го покаже тоа на дело и нека направи нова улица или инфраструктурен проект па нека го именува. Ваквите манипулации не им користат на кичевчани – вели Деспотовски.

Улицата Душан Јовески е преименувана со одлука на Советот на Општината и сега го носи името „Мевлана“, по познатиот турски филозоф и автор на бестселер.

–       Ова е аманет што поранешниот градоначалник на Кичево, Благоја Деспотоски, му го остави на градоначалникот Фатмир Дехари, бидејќи такво нешто тој одамна им го вети на турските власти. Во иднина општина Кичево ќе формира работна група за преименување на сите улици, но преименувањето на оваа улица беше ад хок, бидејќи градоначалникот Дехари не сака да биде пречка за исполнување на ветувањето што го даде претходниот градоначалник – изјавил секретарот на Општина Кичево, Рамиз Реџепи.

Коалицијата „Кичевчани за Кичево“ не гласале за овој предлог, со образложение дека не е потребно да се промени името на улица што го носи подолго време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top