| четврток, 6 декември 2018 |

Турски „Матек” отвора фабрика во „Бунарџик“

Медицинска компанија „Матек“ од Турција ќе инвестира 15 милиони евра за изградба на фабриката во ТИРЗ - Бунарџик во која ќе вработи 300 лица.

Според директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Висар Фида, „Матек“ ќе произведува високи технолошки медицински препарати како трансбронхитални биопсиски игли, ендобронхоскопски игли, биопсиски маркери, хируршки сетови, хируршки наметки, катетери и стентови.

Претставници на турската компанија „Матек”, неколку пати последните месеци биле во Македонија и донеле одлука да инвестираат. Компанијата прво ќе вработи 100 лица, кои ќе бидат обучени за производство на високотехнолошки медицински препарати. За неколку години од компанијата планираат да го зголемат бројот на вработени до 300.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top