Деновиве на вработените во ОХИС ќе им биде исплатена една плата, информира министерот за финансии, Зоран Ставревски. Оваа одлука била донесена на вчерашната владина седница.
Ставревски посочи дека на седницата станало збор и за долгорочно решавање на проблемот со ОХИС.
– Во однос на долгорочното решение за ОХИС сите промотори и сите министри за привлекување инвестиции се задолжени прилично интензивно да работат на прашањето на изнаоѓање стратешки партнер за ОХИС и на контактирање на сите потенцијални инвеститори. Тоа ќе го правиме во наредниот период до објавувањето на јавната објава и се надеваме дека ќе биде успешна – изјави денеска Ставрески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


