Слободата на изразување и медиумите била една од клучните теми на средбите на известувачот за Mакедонија во Eвропскиот парламент, Ричард Ховит. Тој денеска ги сослуша проблемите на Здружението на новинари кое го потенцирало случајот со Кежаровски. Претставниците од ЗНМ го изнеле ставот дека е најдобро владата да ги повлече законите за медиуми. Европратеникот Ховит сепак инсистира на продолжување на дијалогот меѓу новинарите и Владата, сметајќи дека на тој начин ќе се „обезбеди промени во оваа држава и во општеството за проблемот со слободата на изразување и плурализмот на медиумите“
Европратеникот Ховит денеска се сретна со владата и опозицијата, а го посети и ЛГБТ центарот за да им ја изрази својата лична поддршка, потенцирајќи дека мора да се пронајдат напаѓачите на овој центар и истите да се казнат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.