| четврток, 6 декември 2018 |

Кловн преживеа два удари од гром во ист ден

Еден родео кловн од Тексас е вистинско чудо, преживеа два удари од гром во ист ден.

Кејси Вагнер учествувал на трки во Сент Џо, Тексас, кога очнала олујата, се скрил под дрво каде што го удрило гром.

– Се сеќавам само на силен звук, а ударот ме фрли на колена. Потоа уште еден гром ме погоди. Видов само две молљи, а потоа насекаде имаше искри –  вели Вагнер.

Тој додаде дека почуствувал како електрицитетот поминал низ неговата десна нога и влегол во неговото тело.

Докторите му кажале дека пецкањето ќе му помине за една недела. Вагнер смета дека во живот го оставила само една работа – верата.

– Сѐ му должам на Бога, поради него сум жив. Можам да ви кажам нешто, од сега почесто ќе одам во црква – вели Кејси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top