Откако за “Instagram” беа платени милијарда долари, компанијата “Facebook” истата сума ја понуди и за “Snapchat”, меѓутоа Еван Шпигел, главниот човек на оваа компанија, ја одби понудата на Цукерберг.
Станува збор за апликација исклучително популарна помеѓу тинејџерите и истата дневно забележува испраќање и на повеќе од 350 милиони пораки, вклучувајќи и фотографии, кои на екранот на телефонот на примачот се прикажуваат само неколку секунди и истите потоа исчезнуваат.
Дополнителна популарност на оваа апликација и донесоа и информациите за прекршувањето на приватноста и прислушувањето, а многу корисници во овие краткотрајни пораки препознаа начин да ја заштитат својата приватност.
Порталот “Mashable” наведува дека во овој момент не е познато кога точно Цукерберг го контактирал извршниот директор на “Snapchat”, но се претпоставува дека тоа се случило во периодот кога беше претставена апликацијата “Poke”, која е речиси целосна копија на идејата на “Snapchat”, но истата воопшто не заживеа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.