| четврток, 6 декември 2018 |

На кој јазик зборуваа Попоски и Младенов во Минхен

Во официјалните соопштенија по средбите на македонските политичари никогаш нема информација за јазикот кој го користат кога се среќаваат со соседите со кои може да се разберат и на други јазици освен англискиот и францускиот.

Двата кабинети на шефовите на дипломатиите велат дека не важно на кој јазик се зборува туку да се зборува со пријателски тонови и пораки. Според информациите на Република секогаш кога се среќаваат овие двајца министри Попоски зборува на Македонски а Младенов на Бугарски. Дали понекогаш тоа придонесува за лошо пренесување на пораките никој не сака да одговори.

Јазикот не е најважен и двајцата говорат повеќе странски јазици се коментарите на прашањето како се разбираат младите шефови на дипломатиите. Најважно е што Скопје и Софија започнаа сериозен дијалог кој треба да ги надмине несогласувањата што доведоа до бугарската негативна позиција за време на европскиот совет  во декември, велат бугарски извори за „Република“.

Декларацијата за пријателство потпишана во 1999 година од страна на тогашната влада на Љупчо Георгиевски беше потпишана на „македонскиот, согласно Уставот на Република Македонија и бугарски, согласно уставот на Република Бугарија, при што двата текста имаат еднаква важност”.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top